Skip to main content
Македонија

АХВ тврди: Станува збор за куче со чип, сопственикот си го бара назад

13/05/2026  11:49

Откако во јавноста се појавија информации дека во скопската населба Козле било пронајдено животно за кое се тврдеше дека е волк, од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за 24инфо.мк велат дека тие воопшто не биле официјално известени за случајот.

Од АХВ посочуваат дека според првичните информации не станува збор за волк, туку за куче кое е чипирано, а неговиот сопственик веќе го бара назад.

„Животното што синоќа беше пронајдено во скопско Козле и пренесено во карантин во Скопје ЗОО допрва ќе биде предмет на испитувања од страна на АХВ“, велат од институцијата.

Случајот предизвика големо внимание и бројни реакции на социјалните мрежи, особено поради шпекулациите дека станува збор за диво животно. Надлежните институции најавуваат дополнителни проверки и утврдување на сите околности околу случајот.