Skip to main content
Скопје

Аеродром со ново правило: За секои 10 м2 новоградба ќе се сади по едно дрво

16/11/2025  11:03

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави ново правило со кое секој нов проект за изградба ќе придонесува за зголемување на зеленилото во општината.

„Секоја нова градба ќе носи дел од природата назад во нашиот град“, истакна Митески, нагласувајќи дека Аеродром започнува нов мандат со цел повеќе зеленило и грижа за иднината.