Skip to main content
Македонија

Адвокатката Коцевска побара исклучување на јавноста поради заканите кон Дејан Јованов – Деко

04/05/2026  11:20

На судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска повторно беа отворени прашања поврзани со закани, мерките за обезбедување присуство и однесувањето на дел од присутните во судницата.

На претходното рочиште, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, дел од оштетените реагираа бурно извикувајќи: „пуштете го, ние да му пресудиме”.

Коцевска, пред почетокот на денешното судење, реагираше и на, како што кажа, „селективноста на мерките за обезбедување присуство, како и селективноста на прогон” на Обвинителството, кое, според неа, по службена должност требало да поведе постапка по изнесените закани по живот.

„Изнесувам предлог за крајно неопходно исклучување на јавноста, со оглед дека Судот е должен да обезбеди ред и заштита на правата на обвинетите” ијави таа пред Судот.