
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на заедничко отворање на Ормускиот теснец со договор меѓу Иран и САД.
Во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Ереван, Макрон ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во „Проектот Слобода“ што синоќа го објави американскиот претседател Доналд Трамп за враќање на слободата на пловидба во Ормуската Теснина, објави телевизијата БФМ.
„Нема да учествуваме во нешто што не е јасно“, нагласи Макрон.
Осврнувајќи се на ситуацијата на Блискиот Исток, тој исто така оцени дека е клучно да се почитува прекинот на огнот меѓу Израел и Либан.
„Ова е обврска што ја презедоа страните, и го кажувам ова заради суверенитетот, независноста на Либан и заштитата на цивилното население“, рече Макрон.

