Search

Aвион се урна во центар за терапија на Флорида, две лица загинаа

Морничави видео снимки го снимиле моментот кога мал авион со шест седишта се урнал врз еден магацин и терапевтски центар за деца со аутизам во Форт Лодердејл, Флорида, пренесува „Спутник“.

Несреќата се случила во саботата попладне во близина на аеродромот во Форт Лодердејл. Пожарникарите се бореле еден час за да го изгаснат пламенот, кој се засилил псо големото истекување на горивото.

Властите велат дека во несреќата загинале две лица, но нивниот идентитет допрва треба да биде официјално објавен. Сепак, сопругата на Еладио Маркез, сопственикот на авионот, потврди дека нејзиниот сопруг е една од жртвите.

Осум преплашени учители и шест деца биле во зградата за време на несреќата, но сите успеале да избегаат релативно неповредени. Еден наставник се здобил со помали повреди, но не побарал хоспитализација.

Треба да знаете
Последни објави