Skip to main content
Свет

Русија тврди дека го освоила градот Купјанск

20/11/2025  21:57

Руската војска вечерва објави дека го освоила градот Купјанск, украинско упориште на североисток, еден од градовите каде што руските сили напредуваа во последните недели.

„Руските сили го завршија ослободувањето на градот Купјанск“, му рекол командантот на Западната група руски трупи, Сергеј Кузовљев, на претседателот Владимир Путин.

Купјанск, кој имал население од 55.000 жители пред војната, бил во руски раце неколку месеци во 2022 година, но бил ослободен од украинските сили во септември истата година.

Според Путин, борбите се водат и во Костјантинивка, главното упориште на украинските сили во регионот Донецк.

Путин рече дека главната задача на руските сили е „безусловно да ги постигнат целите на Специјалната воена операција“, како што Русија ја нарекува инвазијата на Украина.