
Почина фолк пејачката Бади Бекир.
Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапувала со групата наречена „Четири грации“, каде покрај неа беа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска.
Ја нарекуваа македонската Весна Змијанац.
Бади своите први чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорната група изучувајќи го истовремено и македонскиот и турскиот фолклор.
На музичката сцена дебатира во 1985 година на фестивал за забавни мелодии, а паралелно пее на турски, албански и македонски јазик.
Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посвети на македонската фолк песна.

