
Целосно е завршен процесот на промена на сопствеништвото во трговското друштво за инженеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје. По сопственичката промена, мнозински сопственик на М-6 ДОО е семејството Јаневски, а покрај нив, дел од сопственичката структура на компанијата остануваат и членови на семејството Ивановски.
Со финалната уплата на 12 милиони евра се исполнети сите договорни обврски поврзани со преносот на уделите, со што е официјално комплетиран процесот на сопственичка консолидација.
М-6 ДОО Скопје е мнозински сопственик на Винарската визба „Тиквеш“, „Охрид Турист“, како и на повеќе други правни субјекти во земјава.

