Skip to main content
Хроника

Тетовец ќе одговара кривично, во возилото имал стотици кутии цигари и тутун без акциза

20/11/2025  15:02

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Р.(67) од с.Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза”.

На 21.08.2025 на ул.„Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф”, управувано од пријавениот, при што се пронајдени и одземени 562 кутии цигари со странски бандероли, 17 кутии и седум кеси со тутун, 22 машинки за правење цигари, 10 сим картички, 19 табакери и 18 кутии филтри за цигари, за кои не приложил соодветна документација за платени акцизни давачки и документација за потекло за стоката.