Skip to main content
Свет

Зеленски се надева дека ќе продолжи размената на затвореници со Русија до крајот на годината

19/11/2025  20:52

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Анкара изрази надеж дека размената на затвореници со Русија ќе биде обновена до крајот на годината.

-Се надеваме дека ќе ја воспоставиме размената до крајот на годината, со цел да се вратат значителен број затвореници. Турција многу ни помага во овој процес, изјави Зеленски за новинарите по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Зеленски денеска беше во Турција со цел да ги оживее мировните преговори со Москва.

Ердоган повика на продолжување на преговорите во Истанбул меѓу Русија и Украина за да се стави крај на војната со „разорни“ последици.

Руските и украинските делегации веќе се состанаа три пати оваа година – во мај, јуни и јули – на бреговите на Босфорот.

-Во време кога разорните ефекти од војната се влошуваат за двете страни, веруваме дека разговорите во Истанбул се важен чекор кон дипломатско решение, рече турскиот претседател, кој го угости својот украински колега Володимир Зеленски во Анкара.

„Остануваме подготвени да разговараме за предлозите со Русија за активирање на прекинот на огнот и отворање на патот кон траен мир“, додаде Ердоган.