Skip to main content
Македонија

Филипче до Владата: „Излезете од длабока контемплација и фатете се за работа“ – Милошоски се распрашуваше за терминот

17/11/2025  17:15

На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграција, претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја критикуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, целосната пасивност и отсуството на било какви реформи.

„Се гледа дека оваа влада нема политичка волја да ги направи реформите, жалам што денеска слушам, дека денеска и овој период не бил време за реформи. Јасно кажува овој Извештај (на ЕК) дека реформи нема, го губиме времето,“ рече Филипче.

Она што остана забележано од новинарите коишто ја следеа седницата беше моментот кога Филипче повика власта да се фати за работа.

„Претставниците на владата, извршната власт, целата коалиција, треба да излезат од состојба на длабока контемплација, поради тоа што ова бара сериозна активност и сериозна работа. “ рече Филипче.

Ова предизвика своевиден куриозитет, Милошоски се фати за телефонот, најверојатно да пребарува интерент, прашувајќи дали зборот „контемплација“ доаѓа од некој медицински термин.

Контемплација не е медицински термин, постои во македонскиот речник, станува збор за именка, женски род, која означува длабоко мисловно вникнување и задлабочено размислување.

Флипче веројатно имаше за цел да ја акцентира политичка хибернација, посочувајќи дека политичарите треба да работата за доброто на сите граѓани и иднината на земјата а за тоа да се случи прво треба да излезат од сопствената летаргија.

Во оваа насока Филипче ја повика Владата да престане да бара изговори, да престане да шири скепса и да започне да испорачува резултати, бидејќи, како што рече, „граѓаните ја губат довербата, а државата ја губи трката со регионот“.