
По повеќенеделна работа, гласање и стотици исфилтрирани идеи, вечерва конечно ќе бидат избрани 20-те најдобри средношколски тимови кои продолжуваат во полуфиналето на „Средношколец Милионер”, најголемиот натпревар досега за средношколци во Македонија. После десетици илјади гласови од публиката, од над педесет амбициозни идеи, само дваесет ќе направат чекор поблиску до наградата од 1.000.000 денари.
Во рамките на натпреварот, 53-те избрани тимови во втората фаза веќе постигнаа исклучителен резултат – успеаја да соберат над 34.000 гласа вкупно за нивните идеи. За да ги промовираат своите идеи ангажираа инфлуенсери, самите снимаа промотивни видеа, осмислуваа креативни кампањи и контактираа медиуми. Тоа е нивниот прв реален тест: како нивниот производ или услуга ќе биде прифатен на „пазарот”. И првата лекција што ја научија е токму оваа – идејата вреди онолку колку што успеваш да ја пренесеш до луѓето и да добиеш вистински фидбек.
Секој тим кој ќе биде избран вечерва влегува во ново поглавје – подготовка за полуфиналниот pitch. Во оваа фаза, полуфиналистите ќе имаат само 90 секунди да ја раскажат својата идеја на најефективен можен начин, директно пред Петар Ниновски, основачот на Бреинстер групацијата, компанија која стои зад Brainster Next College, NU High School Academy и Ai@Work .

Победниците од полуфиналето ќе презентираат пред пет инвеститори во големото финале. Тие ќе ја слушаат нивната идеја онака како што слушаат реални стартапи – критички, внимателно и со јасна цел: да откријат дали им е презентирана бизнис идеја во кој би поверувале и би инвестирале?
Од 24-ти ноември започнуваат и менторските сесии – серија од четири онлајн предавања со врвни експерти од Бреинстер групацијата. Овие сесии ќе им помогнат на полуфиналистите да го дефинираат својот бренд, да разберат како се гради идеја што има потенцијал за раст, да научат како се креира комуникација што продава и да се подготват за кратко, силно и уверливо излагање пред жирито и публиката.
Програмата е креирана да додава реална вредност, практично знаење и јасен фокус за секој кој сака да ја развие својата претприемачка логика – односно да биде најдобар на најголемиот средношколски натпревар досега во Македонија – и да освои 1.000.000 денари.
Важно е да се истакне дека Бреинстер групацијата овозможи и сите учесници кои нема да бидат дел од ТОП 20, а имаа идеја меѓу 53-те селектирани во претходната фаза, да имаат можност да ги следат менторските сесии. Иако нивната идеја вечерва нема да продолжи кон полуфиналето, тоа ниту го намалува потенцијалот, ниту ја ограничува можноста за идни успеси. „Средношколец Милионер” останува платформа која не само што создава победници, туку мотивира, охрабрува и нуди алатки на сите млади луѓе кои сакаат да учат и да станат подобри.
Вечерва ја дознаваме ТОП 20 групата што продолжува понатаму. Регистрирај се, следи ги објавите и остани вклучен во процесот што води кон полуфиналето и големата борба за милионот, каде ќе добиеме одговор на прашањето:
Кој ќе биде првиот македонски средношколец милионер?
Регистрирај се тука: https://milioner.mk/event-top20
