
На 15.11.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека во атарот на охридското село Свињишта било пукано од огнено оружје, при што еден проектил завршил во влезна врата од куќа, сопственост на С.К.(54) од истото село.
Повредени лица нема, а увид на местото и подигнување на пронајдениот проектил, изврши екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

