Skip to main content
Хроника

Маж тешко повреден додека извршувал работни задачи во приватна фирма

16/11/2025  14:39

На 15.11.2025 во 10:47 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” Скопје е пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда е донесен Џ.З.(58) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во приватна фирма во нас.Пинтија, скопско. Извршен е увид и известен е трудов инспектор.