Skip to main content
Македонија

Николовски: Годинава имаме 347 случаи на заплени – запленети вкупно 318 килограми дрога, 3,1 килограм златен накит, 205 илјади евра и над 1.100 штеки цигари

14/11/2025  14:20

Годинава Царинската управа има 347 случаи на заплени. Запленети 318 килограми дрога, 10 илјади парчиња лекови, 237 илјади парчиња цигари и 264 килограми други тутунски производи, 205 илјади евра, како и над 3,1 килограм златен накит. Зголемените случаи на заплени се нотирани и во извештајот на Европската комисија, каде се истакнува високото ниво на напредок во поглавјето Царинска Унија со која раководи Царинската управа. Ова го потенцира директорот Бобан Николовски во гостување на Алфа телевизија.

На прашање како се врши контролата, директорот објаснува дека, преку добра анализа на ризик, се селектираат одредени профили кои потоа се ставаат на црвен канал и детално се контролираат. При тоа интенцијата е преку селекција, добра анализа на ризик и таргетирање ризични профили да има повеќе случаи на заплени.

„Во Одделението за анализа на ризик, при Секторот за контрола и истраги, се сoбираат сите податоци од оперативата. Сите информации кои се предмет на анализа се слеваат таму, по што се даваат конкретни насоки. Податоците кои се предмет на анализа константно се ажурираат, се со цел подобра детекција. Не можете да бидете царински службеници ако не сте добро информирани за случувањата во земјата и светот”, вели Николовски.