Skip to main content
Македонија

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

06/11/2025  22:18

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва се приклучи на акцијата за чистење на градот и истакна дека од работа се отстранети 371 лице од јавните претпријатија.

– Лицата не доаѓале на работа или го злоупотребувале своето работно место, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека проверките ќе продолжат и во наредниот период, а посочи дека има информации за можни финансиски малверзации во „Комунална хигиена“.

– Денеска до мене стигна информација поткрепена со документи. Ги повикувам надлежните институции да постапат. Се покажало дека биле ангажирани возила за чистење во „Комунална хигиена“, а истите се плаќани на име на физички лица кои добивале интелектуални услуги од 5 до 10 илјади евра, рече Ѓорѓиевски.