Skip to main content
Свет

Тројца уапсени откако беа испукани ракети во резиденцијата на Нетанјаху

17/11/2024  10:40

Тројца осомничени се уапсени откако во саботата вечерта биле испукани два ракети во близина на приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој не бил присутен, соопштија утринава полицијата и домашната разузнавачка служба Шин Бет.

„Тројца осомничени се уапсени во текот на ноќта поради нивната вмешаност во инцидентот“, што се случи во централниот израелски град Цезареја, се вели во соопштението, додавајќи дека судот наредил 30-дневна забрана за објавување информации за истрагата или идентитетот на осомничените.

Ова не е прв напад на таа резиденција.

На 22 октомври летало без екипаж погоди „структура“ во Цезареја, соопштиja доцна вчера од кабинетот на премиерот.

Нетанјаху, кој ниту во тоа време не беше таму, го обвини „Хезболах, сојузник на Иран“ дека „се обидел“ да го убие него и неговата сопруга.

Три дена подоцна, либанското исламистичко движење, поддржано од Техеран, ја презеде одговорноста за нападот.