Skip to main content
Хроника

Приведени две лица во Тетово, физички нападнале полициски службеници и кај едниот е пронајдена марихуана

24/10/2025  10:57

На 24.10.2025 во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана.

Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што се пронајдени 18 пакетчиња марихуана.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 215 и член 383 од Кривичниот законик.