Skip to main content
Хроника

Битолчанец продавал марихуана на затвореници

11/10/2025  16:21

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.П.(36) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Пријавениот, во повеќе наврати во 2025 година, неовластено набавувал марихуана од лица од Битола и ја продавал на лица кои издржуваат казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Битола.