Skip to main content
Македонија

ЕСМ: Ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка

09/10/2025  14:28

Од компанијата ЕСМ се јавија со реакција по повод информациите кои денес беа објавени во медиумите за апсење поврзано со сопственикот на „Марковски Компани“, Борче Марковски.

Ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка.

Приведените лица се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата.

Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба.

Во интерес на точно информирање, апелираме до медиумите и јавноста да се прави јасна разлика помеѓу поранешното и сегашното раководство, и да не се изнесуваат дезинформации кои можат да ја нарушат довербата во работата на АД ЕСМ.