Skip to main content
Економија

Божиновска: Раскинати 45 концесии, ги заоструваме критериумите и контролите

09/10/2025  11:50

Над 45 концесии се раскинати од кои 34 еднострано, а за 11 договорите се истечени и не се продолжени, информира министерката за енергетика Сања Божиновска. На денешниот брифинг со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел.

Според министерката, сите концесии ќе бидат јавно објавени.

-Од јануари до 1 октомври годинава се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори, потенцира Божиновска и најави многу построги критериуми во однос на издавањето и контролата на концесиите.

Во Државниот инспекторат за енергетика и рударство моментно работат околу 14 инспектори, но недостигаат минимум уште толку.