
Идентификувани се лицата кои вчера го оставија сомнителниот куфер на плоштадот „ВМРО“ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Станува збор за швајцарскиот државјанин Рафаел С. (1987) и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (1985), кои во Македонија пристигнале на 1 октомври со лет од Цирих.
Од МВР соопштија дека според видеонадзорот, двете лица го разгледувале просторот, по што едното оставило куфер пред објектот. По пријавата, полицијата веднаш интервенирала и утврдила дека куферот е празен.
Случајот е целосно расчистен, а надлежните служби продолжуваат со проверка на мотивите на странските државјани.