Skip to main content
Хроника

Прегазени две девојчиња на 12 и 13 години: тешка несреќа во Скопје

05/10/2025  15:23

Две девојчиња на возраст од 12 и 13 години се здобиле со тешки телесни повреди откако синоќа биле удрени од автомобил на улицата „Товарник“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила на 4 октомври 2025 година околу 20:30 часот, кога патничко возило марка „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, управувано од 76-годишниот П.Н. од Скопје, удрило во двете малолетнички.

Повредените девојчиња биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.