Skip to main content
Хроника

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години

03/10/2025  20:47

Тројцата обвинети за предизвикување пожар на дивата депонија Вардариште на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје признаа вина за кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпад.

Обвинетите Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи, како што пренесе телевизијата Телма, пред Судот изразиле каење за стореното, наведувајќи дека во иднина нема да го повторат делото.

Тие, исто така, изразиле подготвеност да соработуваат со надлежните за целосно отстранување на отпадот од дивата депонија.

Судот, од своја страна, го констатирал признанието вина, додека од Обвинителството побарале Кривичен да изрече соодветна казна.

Инаку, за делото кое им се става на товар на обвинетите е предвидена затворска казна од три месеци до три години.