
Независниот кандидат, поддржан од коалицијата ЛДП/ГРОМ за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Љупчо Јаневски – Састав во дебата на 24 телевизија даде свое видување за тоа како треба да се развива општината.
Според него, во минатото на различни начини била уништена традицијата во Ѓорче Петров, а соживотот, патриотизмот малскиот дух се изгубиле во политичката и партиска кал.
„Јас не сум Ѓорче да не биде модерно, но мора да го задржиме духот, да си ја здржиме традицијата“ рече тој.
Јаневски ги повика и останатите кандидати за градоначалници да се обврзат дека ќе работат на реализација на изградба на нов училишен комплекс на местото каде што се наоѓа салата „Партизан“.
„Ајде да се обврземе на тоа место на салата а се изгради училишен центар. Кога велам училишен центар мислам на една локација во центарот на Ѓорче да имаме детска градинка, основно училиште и мултифункционална сала веднаш до постоечкото средно училиште ,,Кочо Рацин”. Со ова ќе ги решиме проблемите на родителите од Хром а Ѓорче ќе добие образовно јадро во центарот на општината“ порача Јаневски.