Skip to main content
Македонија

(Фото) Галичник отсечен од светот, патот е затрупан и замрзнат

03/10/2025  16:55

Читатели до 24инфо.мк доставија фотографии од патот за селото Галичник.

Како што може да се види, патот е замрзнат, завеан и затрупан е со гранки од околните дрвја.

Според сведоштво на читателот патот е небезбеден за возење, па месното население самото се организира да го расчисти, затоа што до овој момент воопшто не дошла механизација на „Македонија пат“ а стравувањата се дека во ноќта температурите можат да отидат во минус со што снегот уште повеќе би замрзнал.

„Екипите на „Македонија пат“ нигде ги нема, па мораме да се организираме неколку души да пробаме да го расчистиме патот додека не фатило ноќ“ пишува читател до 24инфо.мк