Skip to main content
Економија

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

03/10/2025  16:39

Денеска во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија се одржа првата седница на Управниот одбор во нов состав со преседателот д-р Горан Ѓорѓиевски на која се донесоа повеќе одлуки со кои се зајакнува структурите  со избор на потпреседател во ССКМ и преседател на Управниот одбор како и комисии кои овозможуваат подобрено функционирање на институцијата. По барање на членките во коморите и потребата на бизнис секторот се формираа четири нови групации во рамките на ССКМ и тоа:

•    Групација за енергетика, рударство и минерални суровини
•    Групација за пожарна заштита и кризен менаџмент
•    Групација за игри на среќа
•    Групација за стартап компании

“Формирањето на новиот Управен одбор во Сојузот на стопански комори на Македонија во кој членуваат истакнати стопанственици предложени од Коморите, како и четирите нови групации е јасен сигнал за позитивните промени кои се случуваат во ССКМ насочени кон бизисот со кој заеднички ќе креираме вредности во периодот пред нас значајни за раст и развој на македонската економија,,- истакна Ѓорѓиевски.

На состанокот се предложија повеќе иницијативи за зајакнато меѓународно присуство на Сојузот на стопански комори на Македонија, привлекување на инвестиции, подобрувања на одредени законски решенија,зајакнување на вештините кај вработените преку професионални обуки во коморите, дигитализација, презентација на членките на ССКМ и нивните потенцијали на регионални Б2Б состаноци, посета на бизнис форуми и саемски манифестации за престојната 2026 година.