Skip to main content
Скопје

(Видео) Како до почист воздух во Скопје? Втор дел од дебатата „Пет прашања“

01/10/2025  09:57

Денеска во вториот дел од посредното соочување на програмите на кандидатите за градоначалнак на Скопје раговараме за квалитетот на животната средина.

На прашањето „Што ќе преземете за обезбедување почист воздух и здрава животна средина?“ одговараат кандидатите Каја Шукова од СДСМ, Амар Мециновиќ од Левица, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, независниот кандидат Горан Марковски и Александар Трајановски од ЛДП/ГРОМ.

Сите кандидати имаат заеднички заклучок дека воздухот во Скопје е загаден поради неколку извори и сите ветуваат преку свои мерки и проекти дека ќе обезбедат почист воздух и поздрава животна средина.

Денеска е трет ден кампања, а се уште нема најава дека ќе се организира јавна дебата со сите кандидати, па ова е една од ретките прилики каде јавноста може да чуе пет различни мислења на една иста тема.