Skip to main content
Македонија

Мециновиќ: Од сабајле до вечер ќе бидеме на улица со граѓаните

01/10/2025  09:33

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, изјави дека поради скандалозната забрана за рекламирање изречена од ААВМУ од сабајле до вечер ќе бидат на улица со граѓаните.

„Ние, како што знаете, добивме забрана за рекламирање на медиумите, но тоа значи дека следните дваесет дена ние ќе ги поминеме на улица од сабајле до вечер, без бини, без гламурозни манифестации. Секој скопјанец ќе може да дојде и да разговара со нас, затоа што, конечно, градските власти и по изборите треба да се вратат потполно доле на теренот и да разговараат со луѓето за нивните проблеми. Не ни се потребни прескапи студии, потребни ни се политичари кои се помеѓу својот народ за да можат да го опипаат нивниот пулс и да ги дадат вистинските решенија“, рече Мециновиќ на вчерашната средна со граѓани на ул. „Македонија“.