Skip to main content
Хроника

Скопски „рекордер“ во алкохол: Приведен возач со 3,06 промили

28/09/2025  11:43

Вчера во 19:00 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.(40) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,06 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.