Гвардиола никогаш нема да го заборави поразот од Реал во 2014 година

Тренерот на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола се подготвува за вториот дел од сезоната во Премиер лигата. Манчестер сити заостанува пет бода зад лидерот Арсенал. Првиот меч по паузата Сити ќе го одигра во Лидс.

Во пресрет на овој натпревар, Гвардиола одговараше на различни прашања и се потсети на најболниот пораз во кариерата. Во првата сезона, на клупата на Баерн, во 2014 година загуби со вкупни 5:0 во полуфиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид.

„Тоа е мојот најтежок пораз во кариерата. Не бев вистинскиот јас. Правев работи што вообичаено не ги правам, премногу ги слушав другите. Бев премногу храбар во полуфиналето на Лигата на шампионите. Си загубил натпревар? Не е важно, ќе победиш друг пат, но да изгубиш без чувство дека си направил се што можеш, тоа е најлошото“.

Треба да знаете
Последни објави