Skip to main content
Македонија

Коалицијата на ДУИ речиси во двојно водство пред ВЛЕН во анкетата на „Маркет Вижн“

27/09/2025  12:34

Според анкетата на „Маркет вижн“, агенција блиска до ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот сегашен коалиционен партнер ВЛЕН ќе изгуби 2:1 на изборите од ДУИ. Во најновата анкета, јасно се потврдува водството на коалицијата предводена од ДУИ.

Според податоците, ДУИ ужива поддршка од 6,0%, што претставува речиси двојно повеќе од секоја од поединечните партии во коалицијата ВЛЕН – Алтернатива (1,4%), Демократско движење (1,6%) и Беса (1,6%).

Овие бројки уште еднаш ја демонстрираат стабилната и водечка позиција на ДУИ меѓу албанските партии, со јасна и недвосмислена предност пред конкуренцијата.

Конкретно, според анкетата на прашањето „За која политичка партија ќе гласате на следните локални избори?“, 22,9% од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ добил 5,9% поддршка, ДУИ 6,0%, Алијанса за Албанците (Зијадин Села) 0,7%, Алијанса за Албанците (Арбен Таравари) 1,2%, Левица 3,3%, ЗНАМ 1,8%, ВЛЕН – Алтернатива 1,4%, ВЛЕН – Демократско движење 1,6%, ВЛЕН – БЕСА 1,6%.

Истовремено, поддршката од 1,2% за крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците дополнително ја зацврстува позицијата на ДУИ како единствена реална сила и победничка опција на претстојните избори.