Skip to main content
Македонија

Реџеп Исмаил за медиумското ембарго за Левица: Што е следно – забрана за избори или затвор?

24/09/2025  20:49

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, остро реагираше на одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), истакнувајки дека институцијата работи под диктат на Владата на Христијан Мицкоски и дека со тоа се прави директен удар врз неговата партија.

„АВМУ, под диктат на Владата на Мицковски, со тепе-такла спроведување на Законот, за платено политичко рекламирање на партии со 1 пратеник ќе додели 300.000 евра ама на Левица, која има 6 пратеника ќе додели 0 денари за платено политичко рекламирање.

Патем, тоа рекламирање (ТВ, радија и портали) не можеш да го спроведеш со пари од партиска сметка. Така што Левица комплетно ќе биде исклучена од овие медиуми.

Што е следно: Забрана за учество на избори, затвор за раководството, забрана за политичко делување…?“ – напиша Исмаил.