Skip to main content
Македонија

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

23/09/2025  23:38

На социјалните мрежи вечерва масовно се споделува вознемирувачка фотографија од СМС порака, за која се тврди дека е последен очаен повик за помош од неодамна убиената Росица К. од Велес до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Автентичноста на пораката сè уште не е потврдена, но содржината – во која се наведени конкретни судски предмети и детали за наводни институционални пропусти – предизвика силни реакции и гнев во јавноста. Нашата редакција потврди дека бројот прикажан на фотографијата навистина е личниот мобилен број на министерот.

Во пораката, испратена наводно денеска во 16:08 часот, Росица К. пишува дека со месеци е жртва на тепање, силување, прогон и закани, како и дека автомобилот ѝ бил запален пред пет дена. Најшокантниот дел се однесува на тоа дека осомничениот, и покрај историјата на насилство, повторно го добил пасошот и заминал во странство.

Фотографијата се појавува само една недела по трагедијата во Велес и откривањето дека жртвата повеќепати пријавувала насилство, додека сторителот добивал условни казни. Јавноста очекува итна официјална реакција од МВР за автентичноста и содржината на пораката.