
Полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела во штипска населба, каде физички ја нападнала и ја снимала со телефон.
Од МВР потврдуваат дека киднаперката и киднапираната биле полицајки, но кога се случил инцидентот и двете не биле на должност.
Како што соопшти полицијата, на 14.09.2025 во 07:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н.(28) од Кочани. Полицијата постапила по претходна пријава дека на 13.09.2025 во 22:10 часот во Штип Ј.Н. со употреба на сила внела 21-годишна девојка од Штип во возило кое го управувало друго женско лице, по што ја однеле во една штипска населба каде Ј.Н. физички ја нападнала и ја снимала со телефон.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.