Заев и денес не кажа ништо за новиот долг од 2 милијарди, 40.000 отпуштени работници и 1212 починати од КОВИД 19

Соопштение до јавноста- реакција на прес конференцијата на Зоран Заев

„Надвор врне дожд, а Заев вели сонце има. Така во една реченица може да се опише денешната прес конференција на Зоран Заев, каде тој зборува за некаква помош која што ќе ја дава на компаниите, а од ветените половина милијарда евра од првите три мерки реализира едвај половина. Многу зборување малку дела.

Дека нема никаков ефект од тоа што Заев го прави е доволно да се видат фактите, а тие говорат дека имаме 40.000 отпуштени работници, фирми кои едвај преживуваат, или како што Заев кажа во едно интервју, тие ќе ги остават да пропаднат.

Ситуацијата не е сјајна ниту на здравствен план, напротив очајна е. За два дена имаме над 2000 ново заболени, или како што кажа Филипче тоа е бројот на заболени кој што требаше да го имаме на крајот на пандемијата, а сега го имаме само во еден ден.

Заев ништо не кажа ниту за 1212 починати од КОВИД 19, тоа се 1212 семејства во црно, тоа се луѓе кои биле нечии родители, деца, браќа и сестри, тоа не се бројки, тоа е најголемата катастрофа во Македонија по Втората светска војна.

Заев ништо не кажа за проблемите со кои се соочува граѓанинот секојдневно, затоа што тој живее очигледно во друга реалност, каде важно е да вртат струмичките камиони во РЕК, а лиценци за марихуана да добиваат фирми од струмичко и околината.

Заев уште еднаш покажа дека нема план, и не знае како. Единствен план му е да продава она што останало. И да ја задолжува државата за нови пола милијарда евра“.

Треба да знаете
Последни објави