Рекордни бројки во Австрија, повеќе од 9.000 новозаразени за еден ден

Дневниот број на лица заразени од коронавирусот во Австрија првпат надмина 9.000, пишуваат австриските медиуми, а владата е под зголемен притисок да воведе построги мерки против ширењето на инфекцијата.

Во изминатите 24 часа потврдени се 9.105 нови случаи, објавија „Кронен цајтунг“ и „Остерајх“ пред објавувањето на официјалните податоци.

Поранешниот дневен рекорд од 8.241 нови случај беше потврден во саботата. Во екот на првиот бран на коронавирусот во март имаше 1.050 заразени во еден ден.

Во Австрија, според Универзитетот „Џон Хопкинс“, има вкупно 172.380 заразени и 1.564 починати.

Треба да знаете
Последни објави