Skip to main content
Скопје

За два месеци нова градинка во Карпош

05/09/2025  09:23

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и официјално,, и ги предаде клучевите” на директорката на градинката,, Мајски Цвет”, од монтажната времена барака на локалната самоуправа, во која привремено околу шеесет денови ќе бидат сместени дечињата од оваа детска градинка, додека се прави новиот објект во населбата Тафталиџе 1.

– Директорката и вработените во оваа градинка ќе управуваат со овој објект, кој го адаптиравме за прием на дечињата и нивен дневен престој, додека им ја изградиме за околу два месеци новаата градинка по сите еколошки стандарди. Потоа, ќе следува изградба на нов објект на градинката,, Пролет “, попозната како,, Пролет – Канела”, и исто така, децата ќе бидат привремено сместени во овие општински објекти додека се гради и нивната нова градинка, нагласи првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски.