
Во сообраќајна несреќа што се случи утрово кај селото Облешево, во општина Чешиново-Облешево, загина возач откако патничко возило излетало надвор од коловозот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во СВР Штип денеска во 09:43 часот. Според пријавата, автомобил „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки излетал од патот, при што возачот починал на самото место. Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта.
Во тек е увид на местото на несреќата, а полицијата презема мерки за целосно утврдување на идентитетот на возачот и причините за несреќата.