Skip to main content
Македонија

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос

24/08/2025  19:53

Премиерот Христијан Мицковски повторно покажува целосна неспособност и менаџирање на државата. И денеска и една година наназад за политичкиот неуспех на Мицковски криви се СДСМ и ДУИ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за Телма телевизија. Филипче обвинувањата на премиерот Мицковски дека СДСМ и ДУИ имаат тајни планови за хаос и политички малверзации за изборите ја оценува како резултат на немањето капацитет да се води државата.

Целосно одговорен за оваа работа Филипче го смета премиерот Мицковски и владејачката коалиција кои дозволија отворање можности да се злоупотребат изборите во нивна корист, да го скријат очигледното губење огромен број на гласови.