
Под слоганот „4 години разочарувања – 4 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ”, СДСМ денеска ја продолжува серијата прес-конференции посветени на катастрофалното владеење во изминатите четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат од опозициската партија.
Денеска, почнувајќи од 11.00 часот, во седиштето на СДСМ ќе се одржи вториот серијал прес конференции:
- Прес конференција на кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова.
- Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски.
- Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Костадин Ацевски.
- Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Гази Баба, Влатко Митовски.
- Прес конференција на кандидатката за градоначалничка на општина Бутел, Оливера Ливриниќ.
Од СДСМ во најавата наведуваат дека на прес-конференциите, во фокусот ќе биде градот Скопје и општините Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел, кои наместо да се развиваат, за четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ тонат во хаос, нерешени проблеми, катастрофален јавен превоз, нехигиена, загадување, урбанистичко дивеење…