Search

Грција ќе го продолжи воениот рок од девет на 12 месеци

Грчкиот министер за одбрана Никос Панагиотопулос рече дека задолжителниот воен рок наскоро ќе биде продолжен од девет на 12 месеци со цел значително зајакнување на вооружените сили.

Тој нагласи дека бројот на професионални офицери и бројот на ученици во воените училишта ќе се зголемат, пренесува Грчки репортер.

Панагиотопулос не прецизираше кога тоа може да се случи, но се претпоставува дека тоа ќе биде на почетокот на 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави