Search

Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

– На предлог на градоначалникот Ерион Велиај, Советот на општина Тирана денеска едногласно одлучи да му додели титула „Почесен граѓанин“ на албанскиот политичар Али Ахмети, во знак на благодарност за целиот негов придонес кон албанската заедница во Северна Македонија, јавија медиумите.

Титулата почесен граѓанин на Ахмети се очекува да му биде врачена на 2 мај, од страна на Велиај.

Претходно за почесен граѓанин Ахмети беше прогласен во косовскиот град Призрен

Треба да знаете
Последни објави