Search

Пендаровски кон Силјановска: Вие и вашиот сопруг сте први од транзиционите профитери

На ТВ дуелот Стево Пендаровски потсети на тоа што своевремено сопругот на Гордана Силјановска Давкова имал фри-шопови на граничните премини на државата.

„Во времето на партијата која ве поддржува, бевме заробена држава што е најлошата можна квалификација во историјата на Македонија. А дали знаете кога за првпат во историјата за Македонија е употребен „хибриден режим“? Во 90тите години со масовните приватизации и пљачки, кога вие бевте член на една од политичките влади и кога вие заедно со вашиот сопруг бевте први од транизицките профитери. Тоа се факти“ реплицираше Пендаровски.

Пендаровски во емисијата кажа со каков имот тој рапсолага.

„Јас денес имам стан од 69 квадрати а вие имате несразмерно зголемен имот и тоа го знаат сите“ рече тој.

Треба да знаете
Последни објави