
Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2025 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта” Скопје започнаа со спроведување на активности за машинско чистење на коритото на реката Вардар. Се чисти делот кај Галиите во Централно градско подрачје, машински се отстранува насобраниот шут и гранки во коритото на река Вардар.

Екипите изминатиот период тековно ги извршуваат активностите со рачното отстранување на нискостеблестата вегетација од косините на реката.
Рачното чистење продолжува да се извршува и во наредниот период согласно планот за работа и по налог на Град Скопје.