Skip to main content
Магазин

На денешен ден починал Елвис Присли

16/08/2025  22:05

На 16 август 1977 година, музичкиот свет остана без една од најголемите икони – Елвис Присли, човекот кој засекогаш ја промени историјата на рокенролот. Присли почина во својот дом во Мемфис, Тенеси, на 42-годишна возраст. Според лекарите, причината за смртта била срцев удар предизвикан од злоупотреба на лекови.

Со хитовите „Heartbreak Hotel“, „Hound Dog“ и „Don’t Be Cruel“, Елвис ја освои Америка и предизвика хистерија кај младите. Неговите движења на сцената беа сметани за провокативни, па дури и цензурирани на телевизија. Но, тоа не го спречи да стане симбол на една нова ера.