Skip to main content
Македонија

УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

15/08/2025  16:24

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува во наредните денови.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

-Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде и утре (сабота). Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура утре ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.