Skip to main content
Македонија

ДКСК денеска преку „Зум“ ќе избира заменик претседател

15/08/2025  09:46

Државната комисија за спречува на корупцијата, денеска ќе ја одржи својата 21-ва седница.

На агендата на оваа седница се наоѓа и гласање за нов потпретседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Изборот на заменик претседател доаѓа откако досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка поради нејзината вмешаност во случајот „Адитив“, а Собранието поради распишаните лолакни избори не може да избере нов претседател.

Според планираното, почетокот на седницата е закажан за 12 часот, а ќе се одржи преку комуникациската платформа „Зум“.