Skip to main content
Хроника

Петмина повредени, меѓу нив и тригодишно девојче, во несреќа во Арачиново!

14/08/2025  14:27

Тригодишно девојче, двајца возачи и уште тројца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи во Арачиново, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сеат“ Ч.И.(36) од с.Арачиново, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „фолксваген голф“, тригодишно девојче, С.А.(20) и З.А.(28), сите од с.Арачиново, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.