Skip to main content
Хроника

Четиригодишно дете се затруло со детергент: Било донесено на скопска клиника за детоксикација

14/08/2025  12:35

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

– Детето е примено вчера на педијатрија, по извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на клиника во Скопје. Во моментот е во стабилна состојба. Детето е затруено со консумирање на непозната течност, најверојатно детергент. По извршената детоксикација на Клиниката ќе биде пуштено дома, изјави директорот на Општата болница во Куманово, Сашо Стошевски.

Во јули, годинава имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе од липковското село Отља, а неколку дена подоцна и десетмесечно бебе од Куманово.